Л’скова Благица е основач и ко-сопственик на GestaltSolutions,консалтинг компанија од областа на HRи маркетингот. Л’скова е дипломиран психолог. Своето знаење од применета психологија го надградува во рамките на Трансакциона Анализа, Гешталт терапија иГешталт психологија. Член е на здружението на Гешталт терапевти и Гешталт советувачи на Р.Македонија - „Синтеза“.
Л’скова работи како менаџер во компанијата од нејзиното основање, јануари 2008 год. Компанијата е добитник на награда за Најдобар Бизнис План организиран од страна на BusinessStart-UpCentre, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Годинава заедно со BV Media, Лондон ја основавме и организираме Балканската Бизнис Мрежа Poslonline.com, која овозможува вмрежување на компаниите од поранешна Југословија. Основачи сме на веб порталот Emaxo.mk, чија цел е поврзување на македонските компании со потенцијалните партнери и клиенти од земјите од Европската Унија.