Јордан Трајков е еден од малкуте Македонци кои што учеле на Thuderbird, The American Graduate School of International Management – Glendale Arizona USA. Својата кариера ја започнува во 1993 година во банкарството, во Балканската банка Balkanska Banka AD Skopje, девизниот сектор. По работата во неколку банки, во 2001 година добива можност за пракса во Morgan Stanley London Equity Sales and Trading Division. По завршување на праксата, неговата кариера добива нов тек. Назначен е за извршен директор на винарската визба Повардарие, каде останува до 2003 година. Во 2003 година ја основа Интеко Доо Увоз-Извоз, со која ја започнува приказната за винарската визба Попова кула. Винарската визба Попова Кула е создадена за производство на врвно Македонско вино, но и за несекојдневен вински туризам. Основана e во 2004 год, како ДОО од група од околу 19 инвеститори. Во 2007 година Попова Кула во целост го реализира Инвестициониот Меморандум и се трансформира во акционерско друштво. Со тоа стана успешна приказна за прво ИПО во Македонија и го зголеми капиталот со емисија на хартии од вредност. Издадени се вкупно 2.700.000 акции по номинална цена од едно евро. Почнувајќи од 14.06.2007 винарската визба Попова Кула котира на пазарот на јавно поседувани друштва на Македонската берза. Најголем акционер е Интеко Доо Увоз-Извоз Скопје, кој поседува 50,58% обични акции.