Љупчо Зиков, претседател на oдборот на содружници на Капитал Медиа Груп е дипломиран економист. Својата новинарска кариера ја започнал во МРТВ, а ја продолжил во дневниот весник Дневник и Македонија денес, каде станал уредник.
Од 1999 година е основач на Економист ДОО (сега Капитал медиа груп), издавач на бизнис неделникот Капитал и интернет порталот Тотал и воедно е и главен и одговорен уредник на истите.
Има објавено свои колумни во македноски и странски магазини, бил и сеуште е член на бордови на различни асоцијации и здуженија.
Своето професионално искуство го има надоградено преку посетуванје на многу тренинзи, обуки и работилници во светски познати институции и бизнис школи во САД, Австрија, Ирска, Чешка, Русија и други земји.