|
Мијалче Санта
Мијалче Санта е роден во 1980 година во Штип. Дипломирал меѓународен маркетинг менаџмент на Фонтис Универзитетот во Ајндховен, Холандија во јануари 2003. Дипломирал меѓу најдобрите еден процент од студентите. На 26 септември, 2003 е избран за помлад асистент на група предмети од областа на Електронскиот бизнис. Во јуни 2006 година магистрирал на последипломските студии по Е-бизнис на Бизнис колеџ на Роберт Гордон Универзитетот во Абердин, Шкотска. Во мај 2007 е избран за асистент на група предмети од областа на Електронскиот бизнис. Моментално е на докторски студии на а Еразмус Универзитетот во Ротердам, Холандија под ко-менторство на проф. д-р Кор Моленар од Ротердам школата за менаџмент при Еразмус Универзитетот од Ротердам, Холандија и проф д-р Селмин Нуркан од Универзитет Париз 1 Пантеон Сорбона од Париз, Франција. Темата е „Рамка за мултиваријациона континуирана трансформација кон организација базирана на знаење“
|
|
|
|
|
|