Илијанчо Гаговски

Илијанчо Гаговски ја води неодамна отворената канцеларија на „Мајкрософт“ во Македонија. Во последните шест години главната мотивација во неговата кариера, беше предизвикот да ја визуелизира, воспостави, води и развие првата директна инвестиција на најголемата компанија од ИТ секторот во Македонија. Од мај 2002 годин до јули 2004 година работел како менаџер за бизнис развој во „Мајкрософт“ во Македонија, со што го креирал клучниот пазар, како основа која довела до одлуката „Мајкрософт“ да отвори претставништво во Македонија во јули 2004 година, кога бил назначен на позицијата генерален менаџер на новоотвореното претставништво. Развојот на услугите за е-влада, преку договорот за стратешко партнерство со Владата на Република Македонија и воведувањето на верзии на Мајкрософт видноус и Мајкрософт офис на македонски и албански јазик, се само дел од достигнувањата на локалната канцеларија на „Мајкрософт“, откако е под негово раководство, од јули 2004 година.
Во 2008 година тој работел на креирање и поставување на „Мајкрософт Албанија“, со што го проширува својот ангажман во ИТ индустријата во регионален.Илијанчо Гаговски ја започнал својата професионална кариера во 1994 година, по дипломирањето на Електротехничкиот факултет во Скопје, на насоката електроника и телекомуникации. Шест години работел како продажен агент и менаџер за бизнис единици на персонални компјутери во локалната канцеларија на ИБМ. Во 2000 година ја прифатил позицијата на менаџер за продажба и маркетинг на една локална ИТ компанија, како дистрибутер на „Мајкрософт“ и неколку други добро познати брендови од ИТ индустријата.
 
Тој има 41 година, женет е и татко е на две деца.
 
 
 
 

GOLDEN SPONSORS

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

СРЕБРЕНИ СПОНЗОРИ

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

МЕДИУМСКИ СПОНЗОРИ

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ПОДДРЖАНО ОД

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер