|
Филип Петрески
Филип Петрески има повеќе од 8 годишно искуство во маркетингот и комуникациите како професионалец во повеќе домашни и интернационални компании. Во ИДЕА Плус раководел со планирање и имплементација на голем број на проекти за сите клучни клиенти на агенцијата, меѓу кои најзначајни се Космофон, Мобимак, Пивара Скопје – Скопско, НЛБ Тутунска банка, Краш, Сава Табак Осигурување, Порше Македонија, како и голем број на проекти од јавен интерес поддржани од страна на владините институции и невладини организации. На позицијата Генерален Директор на ИДЕА Плус доаѓа на почетокот на 2007 година.
Поседува МБА диплома во полето на маркетинг и комуникации од Универзитетот за бизнис ЕСЦЕМ од Поатје, Франција. Освен неговата позиција во ИДЕА Плус, одржува редовни предавања како гостин предавач на Економскиот Факултет при УКИМ Скопје и на курсевите по менаџмент организирани од страна на Мотива едукативниот центар.
|
|
|
|
|
|